Политика на приватност

Политика за заштита на лични податоци


Последно обновено: 27.09.2016


Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на Топ Продукти веб страната, и објаснува како ДОО ЧАМЕ Снежана и други ("Топ Продукти", "нас", "ние" и "нашите") ги користи вашите податоци, а се однесува на нашиот веб сајт www.topprodukti.mk,мобилната апликација topproduktimk.mk за Android и iOS, мобилната верзија на веб сајтот, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас. Со Политиката за заштита на личните податоци се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се цел на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката за заштита на лични податоци и повремено проверувајте ја истата за најновите податоци од нашата практика за приватност.


Со пристaпување или со користење на нашиот веб сајт се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата веб страна. Доколу не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.


ИЗМЕНИ ВО ПОЛИТИКАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ


Повремено ќе ја менуваме и дополнуваме Политиката за заштита на лични податоци за да ги содржи нашите нови практики, како на пример кога додаваме нова услуга, функционалност или опција на сајтот. Можете да видите кога оваа Политика за заштите на лични податоци била последен пат променета според датумот објавен погоре во "Последно обновено".


Прибирањето на личните податоци на оваа веб страница е во согласност со прописите за заштита на лични податоци.


Политиката за зашите на лични податоци е организирана на следниот начин:

1. Видови на податоци кои ние ги собираме

2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци

3. Како Топ Продукти ги користи податоците

4. Кога и како Топ Продукти открива податоци

5. Како Топ Продукти ги собира податоците

6. Безбедност на податоците

7. Социjални мрежи

8. Приватност на трети страни

9. Политика за заштита на лични податоци за деца

10. Терминологија

11. Контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци


1. Видови на податоци кои ние ги собираме

Ние собираме два вида на податоци на нашата веб-страница од нашите корисници, Лични податоци и Не-лични податоци кога имате интеракција со нас или нашиот сајт, на пример кога:

- го пристапувате или користите нашиот сајт

- правите нарачка на производи на topprodukti.mk

- ги отворате или одговарате на нашите email пораки

- оставаме коментари на сајтот


ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Лични податоци се податоци кои идентификуваат одреден краен корисник. Кога ќе се вклучите во некои активности на веб-страница, како на пример порачување производ од нас, додавање на содржина и/или објавување на содржина во форуми за дискусија, пријавување на натпревар или игра спонзорирана од нас, пополнување на анкета, објавување на мислење, испраќање на повратни податоци, барање податоци за нашите производи и услуги, поднесување на договор за соработка, ("Активности за Идентификација"), може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас. Не е задолжително за да се вклучите во некоја активност која бара идентификација. Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање. Кога ќе нарачате производ или услуга, податоците кои ги внесувате за плаќање се податоци кои ние не ги чуваме, а се процесираат преку безбедносна конекција. Во зависност од активноста, некои од податоците се задолжителни, а некои се идентификувани како доброволни.

Ако не се обезбедат задолжителните податоци за одредена активност која го бара тоа, нема да Ви биде дозволено да се вклучите во таа активност. Ние ги користиме личните податоци за да Ви обезбедиме производи и услуги, заради администрирање на игри и натпревари, за да го подобриме работењето на веб-страната, за да ги подобриме нашите маркетиншки и промотивни напори, за да ја анализираме корисноста на веб-страната, за да ги подобриме нашите понуди за производи и услуги, и да го прилагодиме вашетоискуство како што е предвидено во оваа Политика за заштита на лични податоци. На пример, ако испратите електронска порака до нашата корисничка поддршка, ние може да ги употребиме вашите коментари и повратни податоци да им кажеме на другите за нашите услуги, или да го поставиме Вашиот коментар во нашите маркетиншки материјали, или на нашата интернет страна.

Вашите коментари може да содржат лични податоци како што е на пример вашето име, ние ќе побараме согласност од Вас за да го објавиме Вашето име заедно со Вашиот коментар, пред објавувањето на Вашиот коментар пред јавноста. Покрај тоа, ако ја користите нашата веб-страна да испратите информација или производ на друго лице, може да ги зачуваме вашите лични податоци. Ние, исто така може да ги користиме личните податоци заради решавање на проблеми, решавање на спорови, остварување на административни задачи, контакт со Вас, спроведување на нашите договори со Вас, вклучувајќи ги и нашите Услови на користење и оваа Политика за заштита на лични податоци, во согласност со применливиот закон.

НЕ-ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ. Не-лични податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор

("URL") на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата веб-страница, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата веб-страница, типот на пребарувачот што го користите и вашиот Интернет протокол ("IP") адреса. Ние, и / или нашите овластени трети странки, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата веб-страница преку употреба на електронски алатки како "Cookies" и Web beacons или Пиксел тагови, како што е опишано во точките 4 и 8 на оваа Политика за заштита на лични податоци.


2. Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци Иако податоците се користат со добра намера и цели можете секогаш да одберете да не давате податоци или да ограничите кои податоци ги давате. Можете да ги прилагодите е-маил преференците со следење на инструкциите во е-маил пораките кои ги ви праќаме. Можете да ги промените преференците во било кое време. Ве молиме имајте Предвид дека без разлика дали ќе се отчлените од добивање промотивни пораки, ние ќе ви испраќаме административни пораки со информации за извршено купување или потврда за одредена активност која сте ја презеле преку нашата страна. Ако не сакате да добивате Промотивни Пораки од нас, во секое време може да одберете да не примате промотивни пораки со притискање на "отчлени се" копчето на дното од било која од нашите е-пораки и потоа следете ги инстукциите за да го комплетирате отчленувањето.

Можете да одберете како Вашиот пребарувач зачувува Колачиња (анг. Cookies) со подесување во самиот пребарувач. Пребарувачите се различни, затоа следете ги инструкциите на пребарувачот зависно кој го користите. Истото може да го подесите и од Вашиот паметен уред доколку ја користите апликацијата со подесување зависно од мобилниот уред.

Исто така може да одберете кои податоци ги споделувате со нас кога се поврзувате со нас преку Социјалните мрежи или апликации. Ве молиме погледнете ја Политиката за приватност и подесувањата на социјалните мрежи или апликации за да може да научите како да ги прилагодите пермисиите и да ја промените интеракцијата помеѓу Топ Продукти и Вашиот профил на социјалната мрежа или апликација.


3. Како Топ Продукти ги користи податоците Ние (или нашите"Бизнис Соработници" во наше име) ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Полтика за заштита на лични податоци со цел:

- да го подобриме работењето на сајтот,

- да го олсениме правењето нарачка на сајтот и процесот на купување, да ви одговараме на Ваши барања и прашања,

- да комуницираме и ве информираме за дополнителни работи околу Топ Продукти и нашите бизнис соработници,

- да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации,

- да аминистрираме анкети, наградни игри, натпревари или други промотивни активности или настани организирани од нас,

- да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, менаџирање, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите,


4. Кога и како Топ Продукти открива податоци

Ние нема да ги делиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:

Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци со Бизнис Соработниците. Бизнис Соработниците чии услуги се користат, може да побараат податоци за Топ Продукти корисници, со цел да им помогнат при достава и замена во производот. Во овие случаи, ние споделуваме некои од Вашите лични податоци со Топ Продукти Бизнис Соработниците. Ние немаме никаква одговорност за активностите на Бизнис Соработниците, и активностите на Бизнис Соработниците не се под наша контрола.

Ние можеме да ги споделуваме Вашите лични податоци со такви провајдери за исполнување на нарачки, доставување пакети, испраќање поштенски или електронски маил, администрирање на натпревари или игри, отстранување на повторувачки податоци за клиентот, анализирање на податоци, давање маркетиншка помош, обезбедување резултати од пребарувања и линкови, работење на вебсајтот, решавање на проблеми или обезбедување на служба за корисници. Ние, исто така, може да собираме лични податоци од поединци и претпријатија со кои имаме бизнис односи и може да ги споделуваме Вашите податоци со Даватели на услуги со цел да се остварат нашите административни задачи. На пример, кога нарачувате некој производ, податоците за достава се споделуваат со Доставувачот со цел да се достават на вашата адреса. Ние ги охрабруваме нашите Бизнис соработници да ги усвојат и објават своите Политики за заштита на лични податоци. Сепак, употребата на Вашите лични податоци од страна на тие лица е уредена од страна на тие странки во Политиките за заштита на лични податоци и не е предмет на наша контрола.

Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци при трансфер на бизнисот. Како секој бизнис, ние би можеле да се споиме или да бидеме купени од друга фирма. Ако тоа се случи, наследник компанијата ќе се здобие со податоците што ги чуваме, вклучувајќи ги личните податоци. Сепак, личните податоци ќе останат предмет на оваа Политика за заштита на лични податоци. Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други. Ние го задржуваме правото да ги откриеме Вашите лични податоци ако тоа се бара со закон и кога веруваме дека откривањето е неопходно да ги заштитиме нашите права и / или во согласност со судска постапка, судски налог, или правен процес во врска со нашата веб страница. Ние може да откриваме или споделуваме Не-лични податоци со бизнис соработниците. На пример, може да споделиме агрегирани демографски податоци (во кои не спаѓаат лични податоци), со "Бизнис соработниците" или "Маркетинг компании".


5. Како Топ Продукти ги собира податоците

Вие ни ги оставате Вашите податоци кога купувате производи или на било кој начин имате интеракција со нашиот сајт. Исто така собираме податоци и кога не контактирате онлајн преку електронска пошта за корисничка поддршка и кога оставате коментари во онлајн заедниците за коментирање и споделување мислења. Покрај тоа собираме податоци на други начини со цел да го подобриме искуството и да ги оствариме маркетинг целите.

Еден начин на собирање податоци е преку Колачиња (анг. Cookies) За да се олесни и прилагоди вашето искуство со веб-страница, ние зачувуваме cookies на вашиот компјутер. Cookie е мал текстуален податок кој е складирани на компјутерот на корисникот за целите за чување на податоци кои содржат податоци за тој корисник. Ние користиме cookies додека ја користитете нашата веб страница со цел да ви заштедиме време и да ги следиме интересите на целните корисници за да обезбедиме специјално-прилагодено искуство. Cookies, исто така, овозможуваат да се соберат не-лични податоци од Вас, како што се страници кои сте ги посетиле и линкови кои сте ги кликнале. Повеќето пребарувачи автоматски прифаќаат cookies, но вие можете да ги промените подесувањата на Вашиот пребарувач, за да одбиете cookies. Забележете дека ако сте ги одбиле или избришале овие cookies, некои делови од веб-страницата може да не работат правилно.

Други помагала за следење. Ние може да користиме други стандардни технологии како пиксел тагови за да ја следиме Вашата употреба на нашите веб-страници и промоции, или може да им овозможиме на нашите Бизнис соработници да ги користат овие уреди во наше име. Pixel тагови се мали графички слики поставени на некои страни од нашиот веб-сајт, или во нашите е-пораки кои ни овозможуваат да одредиме дали сте извршиле одредена акција. Кога ќе пристапите до овие страници или ја отворите вашата е-пошта, пиксел таговите генерираат не-лични податоци за таа акција. Податоци од паметни уреди користиме кога вашиот уред има интеракција со нашиот сајт. Ако имате прашања околу безбедноcта и политиката за заштита на лични податоци на Вашиот мобилен уред, ве молиме обратете се за информации и инструкции кај Вашиот мобилен оператор или продавач или производител на уредот за да научите како да ги подесувате овие активности.


6. Безбедност на податоците

Сериозно ја сфаќаме безбедноста и преземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери. Вашите лични податоци се зачувани на заштитен сервер, до кои само ние имаме пристап.


7. Социјални мрежи

Друштвени јавни области

Сајтот може да биде пристапен или да содржи делови каде што можете јавно да споделите информации, да комуницирате со други лица, како што се форуми за дискусија или блогови. Овие информации може да биде достапни на други корисници и компании и може да се појавуваат на други интернет страници или веб пребарувања и затоа овие податоци може да се читаат, собираат и користат од страна на други лица. На пример, ако ја објавите вашата е-маил адреса заедно со вашето мислење за некој производ како коментар, може да добиете несакани пораки поради злоупотреба на Вашата адреса од трети лица. Ние немаме контрола над тоа кој го чита вашиот пост или она што другите корисници можат да го сторат со податоците што ви се доброволно изложени, па затоа Ве молиме да бидете претпазливи при објавувањето на било какви лични податоци. Ние имаме согласност од нашите корисници да го објавуваме нивното име или корисничко име, заедно со нивната критика или коментар.

Поврзување со преку социјални мрежи (Facebook, Twitter, Google Plus)

Топ Продукти им дава можност на корисниците на социјални мрежи да имаат интеракција со пријателите и да споделуваат информации на своите профили на социјалните мрежи. Ако сте на Топ Продукти страната, кога ќе кликнете на "Поврзи се" (Connect with Facebook) ќе Ве пренасочиме на нашата Facebook страна. Ако не сте на некоја Социјална мрежа, кога ќе кликнете на опцијата за поврзување преку социјална мрежа ќе биде побарано да ги внесете вашите податоци за логирање на конкретната социјална мрежа.


8. Приватност на трети страни

Оваа Политика за заштита на лични податоци се однесува на користењето и откривањето на податоците кои ние ги собираме од Вас на www.topprodukti.mk. Други веб-сајтови кои може да бидат пристапени преку линкови од нашиот сајт може да имаат сопствени политики за заштита на лични податоци, собирање на податоци, нивна употреба и практики на откривање на податоците.

Доколку преку линк на нашиот сајт пристапите до друг веб сајт Ве повикуваме да ги видите политиките за заштита на лични податоци на таа веб страна. Ние не сме одговорни за политиките или практиките на трети лица.


9. Политика за заштита на лични податоци за деца

Топ Продукти не дозволува користење на сајтот на малолетници (деца помали од 18 години) и таквата употреба е забранета. Сајтот е дизајниран со намера да услужува возрасни лица. Со користењето на Топ Продукти изјавувате дека сте возрасно лице со наполнети 18 години и дека разбирате дека мора да сте полнолетно лице за да може да вршите купувања на услуги и производи.


10. Терминологија

Бизнис Соработници, се однесува на трети страни со кои соработуваме како што се маркетинг агенции, дистрибутери и продавачи. Податоци од паметни уреди, се однесува на податоци од уред кој го  за да пристапите или користите веб сајт, како што е тип на оперативен систем или тип на мобилен уред, тип на пребарувач, домеин, јазик кој го користи Вашиот систем, држава и временска зона на Вашиот уред, гео локација и софтвер на Вашиот уред.

Не-лични податоци, се однесуваат на податоци кои сами по себе не може да ве идентификуваат. Тука спаѓаат Колачиња, Пиксел тагови и Податоци од паметни уреди. Друштвени јавни области, се однесува, збрино на сите наши страни и на социјалните мрежи, форуми, теми за дискусија и коментари на понудите и други методи на комуникација кои може да бидат овозможени или поврзани преку нашиот сајт.

Даватели на услуги, се трети лица чии услуги ги користиме, а кои ги извршуваат во наше име, како што е сервис за испраќање на промотивни и други е-маил пораки, маркетинг агенции и аналитичари.


11. Контакт во врска со политиката за заштита на лични податоци

Ве молиме контактирајте не ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика за заштита на лични податоци. Можете да не контактирате онлајн на contact@topprodukti.mk или може да ни испратите пошта на следната адреса:


ДОО ЧАМЕ Снежана и други

Ознака: Политика на приватност

Ул. „Струшка“ Бр. 7б, Карпош,1000, Скопје,Македонија

Loading...